Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со денешните осуммина починати од Ковид-19 во Косово бројката на починати се искачи над 700

/

пред 2160 дена

Сподели преку :

Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 705 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа осуммина од заразените од коронавирусот.

Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените рекордни 1.621 тест со методот РТ-ПЦР (98.769 вкупно досега), позитивни на коронавирусот резултирале 334 лица.

Вклучително новозаболените, бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 20.989, а болеста досега ја совладале 15.722 лица. Во текот на вчерашниот ден како излекувани се евидентирани 81 пациент.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 4.562 активни заболени.