Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убиен демонстрант во Минск, Лукашенко по шести пат претседател

/

пред 2245 дена

Сподели преку :

Илјадници демонстранти излегоа на улиците на улиците на Минск синоќа откако Александар Лукашенко објави дека освоил 81,35 проценти од гласовите за нов, шести мандат како претседател на Белорусија.

Хаос на улиците во центарот на главниот град, демонстрантите, предводени од опозицијата фрлаа факели и камења кон полицијата, а полицијата употреби солзавец против нив.

Според локалните организации за човекови права, едно лице го загуби животот, откако беше прегазено од полициско комбе, а десетици се повредени во судирите со полицијата по претседателските избори, соопшти денеска портпаролот на организацијата Пролет 96.

Во другите делови од градот, според жителите, полицијата со „тешко наоружување“ ги растера демонстрантите со гасни бомби и солзавец.

Според изборниот резултат на второ место е Светлана Тихановска, за која гласале осум проценти од избирачите, додека кандидатот „против сите“ освои четири проценти.

И излезните анкети покажале дека Лукашенко убедливо ќе победи со 79,7 проценти од гласовите.

Сепак, соработниците на Тихановска тврдат дека според резултатите од алтернативното броење на гласовите, таа добила повеќе од 80 проценти.