Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Улични престрелки во Харков, руските трупи влегоа во градот

/

пред 1681 дена

Сподели преку :

Улични борби се водат во центарот на Харков откако руските војници влегоа во вториот по големина град во Украина, потврдија локалните власти.

Жителите на источниот град се повикани да останат во засолништа и да не патуваат никаде.

„Возилата на рускиот непријател напредуваа во градот Харков. Вклучувајќи го и централниот дел на градот. Предупредување! Не ги напуштајте вашите засолништа!“ – рече гувернерот Синјехубов во објава на Фејсбук.
„Вооружените сили на Украина го елиминираат непријателот. Се замолуваат цивилите да не излегуваат на улиците“, се додава во објавата.

Харков, со население од околу 1,4 милиони луѓе, се наоѓа на помалку од 32 километри јужно од руската граница, а руските сили му пристапија набргу по започнувањето на инвазијата во четвртокот.

Украинските сили успеаја да ги одвратат руските трупи да влезат во градот во последните три дена, но гувернерот Синехубов рече дека ова сега се менува, бидејќи борбите се водат во срцето на градот.