Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фон Дер Лајен во Тирана, на домаќинот Рама му го блокираа ФБ профилот додека ја чекаше гостинката од Брисел

/

пред 1832 дена

Сподели преку :

Фејсбук-страната на албанскиот премиер Еди Рама денеска е блокирана, откако во Тирана пристигна претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Страната е блокирана во момент кога во живо се пренесуваше свеченот пречек на Лајен. Причините засега се непознати, пренесува Ора њуз.

Можно е од безбедносни причини да била прекинат преносот бидејќи одел во живо, а станува збор за високо профилирана ВИП личност од Брисел.

Профилот уште е недостапен.

Фон Дер Лајен беше пречекана од премиерот Еди Рама во Палатата на бригадите, по што следуваше средба со него, а потоа и со шефот на државата Илир Мета.

Лајен и Рама ќе учествуваат на свеченото предавање во употреба на реконструирани училиште и градинка, оштетени од катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември 2019 година, обновени со средства од фондовите на ЕУ во рамки на програмата “EU4Schools”, по што ќе имаат заедничка прес-конференција.

Претседателката на ЕК потоа ја продолжува турнејата со Скопје каде треба да допатува попладне.