Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хрватска избори: Според излезните анкети ХДЗ води

/

пред 2281 дена

Сподели преку :

Според резултатите од мерењата на излезноста на изборите во Хрватска, направени на примерот од 21.676 испитаници во сите изборни единици, кои ги реализираше Ипсос за сите телевизии, ХДЗ ќе освои 61-но пратеничко место, Рестарт 44, Домовински покрет 16, Мост 8, Можеме 8 и Паметно/Фокус/ССиП 3 места во хртавскиот сабор, кој брои 151 пратеничко место.

Според излезните анкети ХДЗ и Демократски покрет на Мирослав Шкоро можат заедно да формираат влада, а со оглед на просечниот резултат на ДП, чии челници спомнуваат и до 30 мандати, тешко е за верување дека тие ќе можат да продолжат да инсистираат на своите услови претседателот на ХДЗ Андреј Пленковиќ да не биде премиер.

Изборачките места беа затворени во 19 часот и се очекуваат првичните резултати.

До 16 и 30 излезноста во Хрватска е 34 проценти. Со маски на лицата и нараквици на рацете, под посебни здравствени мерки таму  денеска се одржуваат избори за 10-тиот состав на хрватскиот Сабор. Изленоста е за  3,6% помала од онаа на изборите пред 4 години.

Редовните парламентарни избори во Хрватска требаше да се одржат во декември годинава, но епидемиолошката состојба поради коронавирусот влијаеше на поинаквата одлука и на избори да се излезе неколку месеци порано.