Левичарските социјалдемократи на Шолц (СПД) освои најмногу гласови на општите избори во септември и оттогаш преговараа за коалициски договор со екологистите Зелените и неолибералната Слободна демократска партија (ФДП).
Шолц и неговиот кабинет од 16 министри – седум од СПД, пет од Зелените и четворица од ФДП – ќе бидат назначени од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во претседателската палата Шлос Белви и ќе положат заклетва во Бундестагот.
По 16 години на функцијата канцелар, Ангела Меркел се повлекува од политичката сцена како што најави на почетокот на 2020-тата година.
Нејзината конзервативна ЦДУ пак беше втора на изборите и сега се сели во опозиција.