Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јанев свика состанок на Советот за безбедност на бугарската влада

/

пред 1850 дена

Сподели преку :

Преодниот премиер на Бугарија Стефан Јанев за денеска свика состанок на Советот за безбедност на земјата, објави прес – центарот на владата.

Тема на состанокот на консултативното и координативното тело на Советот на министри на Бугарија ќе биде состојбата и капацитетот на системот за заштита на националната безбедност во контекст на очекуваниот нов бран мигранти.

Се очекува да бидат разгледани и мерки за подобрување на функционирањето на Советот за безбедност на бугарската влада.

Пред една недела, за време на расправата во Народното собрание, Јанев најави дека една од точките ќе биде како функционира Советот со формирањето на неговиот секретаријат.

По повод миграцискиот притисок по промената на власта во Авганистан, тој објави дека ќе има  координација помеѓу специјалните служби.

Јанев додаде дека веќе е формирана специјална координативна служба, која секојдневно директно ја анализира заштитата на националната граница на Бугарија, како и за внатрешноста на земјата.