Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

50 луѓе починаа од жешкото време во Индија

/

пред 871 дена

Сподели преку :

Над 50 лица починаа во Индија, откако во изминатите три дена поради високите температури, кои ја зафатија државата.  Околу 33 лица починале во северната индиска сојузна држава Утар Прадеш, додека 20 починати се од државата Одиша.

Шефот на индиската изборна комисија Навдип Ринва, изјави семејствата на членовите на изборната комисија кои починале во жештините ќе добијат компензација во вредност од 18.000 долари.

Парламентарните избори во Индија секогаш се одржуваат во април и мај, но годинава температурите беа рекордно високи. Министерството за здравство потврди дека од 1 март до 30 мај се регистрирани 56 смртни случаи од топлотен удар, а во тој период биле пријавени 24.849 случаи на топлотен удар.

Температурите во Северна, Западна и Централна Индија во последните две недели се движеа до 45 Целзиусови степени, а на некои места достигнаа и 50 Целзиусови степени.