Стапи на сила законот за добри трговски пракси, намалување на цените нема, а во догледно време се гледа и дека нема да има. Според претседател на Сојуз на Стопански комори, Трајан Ангеловски тој изјави дека имаме многу активен дел на прехранбена индустрија кај нас која ги увиде овие недостатоци и инсистираше законот да се воведе.
„Ние имаме многу активен дел на прехранбена индустрија кај нас која ги увиде овие недостатоци и инсистираше законот да се воведе, конкретно законот е европски, кој е преведен од хрватскиот закон, кој е во верзија која е донесена без дополнителни модификации кои за жал денеска пројавуваат одредени девијации. Закон предвидуваше елиминирање на финансиски оптеретувања помеѓу големите маркети и помалите добавувачи. Тоа се парафискални давачки кои се наметнати на помалите добавувачи кои на крајот на денот ја оптеретуваат цената на производот кога ќе се стави на рафт. Ние сметаме дека со ваквиот закон ќе се либерализира пазарот, ќе се зголеми конкуренцијата и ќе им се овозможи на добавувачите на маркетите полесно да ги пласираат своите производи со фокус на прехрамбените производи. Законот стапи денеска на сила и добивме реакции од наши членки и луѓе од оваа сфера кои велат дека има девијација во овој закон при неговото толкување.“
Тој посочи дека рабатот е составен дел од бруто маржата, а првичната проекција на законот од 10 проценти се со цел да се елиминираат било какви дополнителни давачки кои не може да не се изберат да не се прифатат. Целта според претседателот на ССК, беше да се елиминираат овие давачки и целокупната маржа да се сведе на 10 проценти на прехранбените производи и да се добијат производи кои ќе бидат по одредена фер цена. Тој истакна дека:
„Ако сакаме да се приближиме до ЕУ треба да ги следиме и имплементираме законите на ЕУ. Цените мора да бидат на европско ниво.“











