Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца хулигани во Белград до смрт го претепаа братот на потпретседателот на владата на БиХ- причина детска топка

/

пред 878 дена

Сподели преку :

Српското обвинителство го истражува случајот со нападот врз 37-годишниот Ѓорѓе Миљатовиќ кој почина од тешки повреди здобиени од физички напад. Миљатовиќ бил нападнат од двајца хулигани и брутално претепан во белградската населба Вождовац.

Миљатовиќ е брат на потпретседателот на федералната влада на Босна и Херцеговина, но живее во Белград.

Инцидентот се случил вчера попладне кога децата на настраданиот се пожалиле дека две поголеми момчиња им ја зеле топката со која се играле во паркот во близина на нивниот дом.

Таткото на децата излегол надвор, а двајцата хулигани го нападнале и успеале да го соборат на тло по што го удирале по глава.

Полицијата и Итна помош реагирале, но од сериозните повреди Миљатовиќ починал во болница. Полицијата ги бара насилниците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)