Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две години од руската агресија врз Украина

/

пред 973 дена

Сподели преку :

Две години од руската агресија врз Украина. Оваа годишнина светот ја одбележува со разни собири, состаноци и изложби за поддршка на Украина.

Жителите на Киев им оддадоа почит на десетици илјади Украинци кои ги загубија животите во оваа војна. Низ солзи, со разни фотографии, цвеќиња и свеќи го одбележаа овој ден .

“Се чувствувам многу лошо бидејќи многу пријатели загинаа, многу. Моето момче е во војска. Многу е тешко. Сакам сето ова да престане и има надеж за тоа” – истакна Малвина Лехинан, жител на Киев.

 

„Десет години војна. Страшно е. Што може да се каже овде, секој се бори најдобро што може. Невозможно е да се гледа без солзи“ – вели жителка на Киев.

Многубројни говори беа одржани од страна на политичари од ЕУ со цел да ја подржат Украина.

Почит кон Украина оддаде и претседателката на европската комисија Урсула фон дер Лајен со нејзиното присуство на аеродромот Антонов во близина на Киев.Освен морална подршка , таа најави дека ЕУ ке обезбедува финанскиска подршка, муниција за Украина, и ке продолжи со обуката на украинските војници. На ова обракање присуствуваше и  украинскиот претседател Володимир Зеленски.

,, И уверена сум дека Украина ќе продолжи да не изненадува сите додека последните руски војници конечно не се истераат од вашата земја.Денес, ние сме тука да ви кажеме дека Европа ќе продолжи да стои на ваша страна онолку долго колку што е потребно. “ – вели претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

 

Сите руски убијци, почнувајќи од Путин, нужно ќе одговараат за сето она што го направиле. Ќе сториме се за да и служиме на правдата на Украина“ – истакна Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Според политичкиот аналитичар Абас Галјамов. легитимитетот на Путин продолжува да слабее и властите реагираат со поостри мерки.

 „Легитимитетот на Путин продолжува да слабее, протестните чувства растат. Всушност, тоталитаризмот е одговорот на овој проблем. Властите повеќе не можат да се потпираат на методите на убедување и затоа се повеќе се принудени да прибегнуваат кон методи на принуда“- вели Абас Галјамов, политички аналитичар .

Овој ден беше и повод за советот на ЕУ да воведе нови пакети санкции против Русија. Рускиот одговор на овие санкции беше проширување на списокот на политичари од ЕУ на кои им се забранува влез во Русија.

Повеќето згради во Брисел и институциите во ЕУ исто така беа осветлени во боите на украинското знаме.

Марија Коцева