Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двемилионско население раселено од појасот Газа

/

пред 870 дена

Сподели преку :

Разрушени згради, купишта на скршени цигли, непроодни и разорнати улици, се само дел од глетката во градот Кан Јунис по започнатата војна. Палестинците кои беа раселени од нивното родно место се вратија во своите домови, принудени да постават засолништа во форма на шатори покрај нив. Вратените семејствата се соочија со глетка на уништени згради, претворени во некогашните домови кои се сега под урнатини.

Недостатокот на основна инфраструктура, елементарни човекови услови како што е водата и храна, ги натера многуте жители да мораат да пешачат километри за да пристигнат до извори на пивка вода.

„Вода не можеме воопшто да најдеме,ниту солена, ниту вода за пиење. Навистина страдаме поради недостигот на вода и ако некој сака да реши нешто, прво треба тоа да е проблемот со вода. За да се напиете чаша вода, треба да пешачите четири часа, а тоа е од еден до два километри до морето. Како и за водата, така и за храната“ изјава на жителка на Кан Јунис.

Од Обединетите нации алармираат дека е можен целосен недостаток во ресурсите на храна и пивка вода. Во текот на изминатите три недели, израелската офанзива во Рафах го зголеми бројот на протерани Палестинци од појасот Газа.

Претседателот на САД, Џо Бајден започна со предлози за прекин на огнот во Газа, со став дека е време војната да заврши. Првата фаза од договорот кој го понуди тој, вклучува временска рамка од времетраење на шест недели и ќе вклучува „целосен прекин на огнот“.

Повлекување на израелските сили од сите населени места во појасот Газа, подразбира ослободување на голем број заложници, вклучувајќи жени, постари луѓе и ранети, а замена за тоа е ослободување на стотици палестински затвореници.

Вашингтон признава дека преминувањето од прва во втора фаза од договорот ќе бара повеќе преговори. Во досегашните израелските бомбардирања загинаа повеќе од 36.000 Палестинци, соопшти тамошното Министерството за здравство на Газа.

Теа Димковска