Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Холандија ќе даде уште 400 милиони евра помош за војната Украина

/

пред 924 дена

Сподели преку :

Техничката влада на Холандија одвои 400 милиони евра финансиска помош за поддршка на Украина во војната, па така истата ќе достигне 2,4 милијарди евра во 2024 година. Помошта од 400 милиони евра за Украина, заедно со другите средства ќе достигне повеќе од 2,4 милијарди евра во 2024 година, објави Холандската медиумска мрежа, соопштуваат владини извори.

Владата на Холандија има во план, следната година да додели 1,5 милијарди евра помош за Украина, пренесува холандската агенција АНП.

Овие средства се дел од обидот холандската војска да ги распореди паричните средствата, кои според членките на НАТО сојузот претставуваат минимум кој треба да се распореди за воена помош.