Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Избегната нуклеарна катастрофа во Запорожје, тврди Зеленски

/

пред 1518 дена

Сподели преку :

Првпат откако Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа, е пуштена во функција во 1984 година, “преживеа”  привремено исклучување од енергетската мрежа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Европа се соочила со опасност од радиоактивна катастрофа поради исклучувањето кое настапило како што тврди по руско гранатирање на областа.

Околу нуклеарната централа во Запорожје, која е под руска контрола, со недели се водат борби, што предизвика глобална загриженост, а завојуваните страни постојано си ја префрлаат вината.

Експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија оценија дека сите безбедносни системи на електраната функционираат.
Сепак, како резултат на снемувањето струја, реакторите се привремено исклучени од мрежата, така што проработеле системите за вонредна заштита.
Проблемите во работата на електраната се предизвикани од околни пожари кои ги оштетиле електричните водови.
Руските претставници во градот Енергодар каде се наоѓа централата тврдат дека исклучувањето било поради реакција на системот за заштита кој се вклучил поради украински напади.
Во моментот според нив состојбата е нормализирана, а централата е повторно приклучена на мрежата.
Запорожје има вкупно 6 нуклеарни реактори.