Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел го нападна Иран- во три воздушни брана ракетирани воени бази

/

пред 721 дена

Сподели преку :

Израел го нападна Иран во текот на ноќта како одмазда за иранскиот воздушен напад од 1-ви октомври.

Изведени се три воздушни напаѓачки бранови на израелската воена авијација врз цели низ Иран. Засега нема информации за жртви и за штета.

Во близина на Техеран се слушнале и експлозии кои според иранските власти биле од одговорот на противвоздушната одбрана пколу главниот град на Иран.

Рано утрово Израел објави дека воените напади се завршени со прецизни удари врз воена инфраструктура на Иран и сите воздухоплови се вратени безбедно.

-Нападот е изведен како одговор на иранскиот режим врз Државата Израел и нејзините граѓани во последните месеци. Одмаздата е извршена и мисијата е завршена, соопштија ИДФ (Израелските армиски сили).

Целта на израелските напади биле воени бази, единици за противвоздушна одбрана на иранската армија како и фабрики каде се произведувале воени дронови.

За време на нападот, Иран го затвори воздушниот простор над земјата и рано утрово повторно е нормализирана состојбата.