Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Капка во морето- прва хуманитарна помош влезе во Газа

/

пред 1080 дена

Сподели преку :

Дваесет камиони со медицински материјали ја поминаа границата од Египет кон Појасот Газа, рано претпладнево откако границата беше отворена по двонеделното затворање.

Ова се први испораки на хуманитарна помош преку граничниот премин Рафах откако пред две недели избувна војната меѓу Израел и Хамас, која предизвика хуманитарна катастрофа во Газа по израелските бомбардирања на Појасот насочени против Хамас, но со уништување на цивилната инфраструктура и многу цивилни жртви.

Станува збор исклучиво за медицинска помош, лекови и мало количество на конзервирана храна. По преминувањето на Газа помошта се претовара во помали камиони и возила и се префрла во внатрешноста на Појасот.

Светските лидери го поздравија отварањето на границата и првата упатена хуманитарна помош за жителите на Газа иако претставници на Обединетите Нации соопштија дека помошта вп 20-те камиони претставува само капка во морето нанпотребната помош.

Жителите на Египет присутни во Рафах кога почна да се пропушта помош за Газа, со аплаузи и извици го поздравија почетокот на хуманитарната операција.