Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кина и Камбоџа се подготвуваат за заеднички воени вежби

/

пред 892 дена

Сподели преку :

Камбоџанските и кинеските сили се подготвуваат за годишните воени вежби под името „Златен змеј“, а целта е да ја зајакнат соработка и да се стекнат со воено искуство.

,,За време на 15-дневните воени вежби, што се одржуваат осма година по ред, ќе учествуваат 1.315 војници од Камбоџа и околу 760 кинески војници, а ќе има и учество на кинески воени бродови” изјави Тонг Солимо, портпаролот на армијата на Камбоџа.

Според Солимо, овие вежби се насочени кон борбата против тероризмот и давањето хуманитарна помош во двете земји и во регионот.

Кинеските власти го опишуваат пријателството со Камбоџа како „железно“. Камбоџа е најблискиот сојузник на Кина во Југоисточна Азија, додека Кина е  близок партнер и инвеститор во Камбоџа, со големо влијание во делот на економијата. Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, во април престојуваше во Камбоџа за да ги зајакне врските меѓу двете земји.

Камбоџа има бројни проекти финансирани од Кина, особено во инфраструктурата како аеродроми и патишта, но и приватни проекти како хотели, казина и недвижен имот. Повеќе од 40 отсто од надворешниот долг на Камбоџа, вреден 10 милијарди долари и го должи на Кина.

Поддршката на Пекинг и овозможува на Камбоџа да ја игнорира загриженоста на Западот за лошата состојба со човековите и политичките права во земјата, а за возврат Камбоџа ги поддржува ставовите на Пекинг за прашањата на надворешната политика, како што се територијалните претензии во Јужното Кинеско Море.