Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Клаудија Шејнбаум е новата претседателка на Мексико

/

пред 871 дена

Сподели преку :

Клаудија Шејнбаум e новата претседателка на Мексико. Таа оствари убедлива победа на претседателските избори во Мексико, како кандидатката на владејачката левичарска партија, покажуваат првите официјални резултати објавени денеска.

Поранешната градоначалника на Мексико Сити освои меѓу 58 и 60 отсто од гласовите, покажуваат официјалните резултати, додека нејзината опозициска противкандидатка, поранешната сенаторка од десниот центар, Чочитл Галвез, на овие избори, освои меѓу 26 до 28 отсто од гласовите.На третото место се најде Хорхе Алварез Мајнес, кој доби меѓу девет и 10 отсто од гласовите.

Во првата изјава по изборите таа вети дека „Нема да ве разочарам. Ќе станам првата жена претседател на Мексико“.

Шејнбаум водеше жестока кампања и покрај силниот предизвик од Галвез. Ова е првпат во историјата на Мексико главните претседателски кандидати да бидат жени.