Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерц e незадоволен од улогата на Европа во светот

/

пред 407 дена

Сподели преку :

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, во интервју за официјалниот медиумски канал на неговата партија Христијанско-демократска унија, изрази загриженост дека Европа не ја исполнува својата улога на светската сцена и  не ги штити соодветно своите интереси.

Тој како пример ја посочи војната во Украина

– Во моментов, не сме во можност да извршиме ефикасен притисок врз (рускиот претседател Владимир) Путин да ја запре оваа војна. Зависни сме од американската поддршка. Во исто време, земји како Кина, Индија и Бразил создаваат нови партнерства со Русија, нагласи Мерц.

Но, и покрај тоа, тој ги поздрави знаците за обновено европско единство.

Ова во голема мера зависи од посветеноста на германската Влада и, во овој случај, од посветеноста на германскиот канцелар, истакна Мерц