Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министрите за одбрана во НАТО по шокантниот разговор на Трамп и Путин повторуваат: без Украина и Европа нема барање за мир

/

пред 613 дена

Сподели преку :

Во Брисел се одржува состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО кој се одвива само неколку дена по разговорот на Трамп и Путин. Министрите кои истапуваат јавно велат дека планот за мир и решението не смее да се бара без учество на Украина која е нападната и без Европа.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте порача дека НАТО мора да се погрижи, Путин никогаш повеќе да не ја нападне Украина

Руте вели дека НАТО се обврзал да ѝ одобри членство на Украина во иднина, но дека „никогаш не било договорено“ тоа да биде услов за мировни преговори со Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин постојано се противеше на членството на Украина во НАТО, а некои членки на Алијансата се загрижени дека инсистирањето на тоа како гаранција во мировните преговори може да ја продолжи војната и да и наштети на Европа.

Повеќе држави-членки на НАТО денес истакнаа дека Украина и Европа не треба да бидат исклучени од какви било мировни преговори.

„Не може да има преговори за Украина без Украина. И гласот на Украина мора да биде во срцето на сите разговори“, изјави британскиот министер за одбрана Џон Хили.

Европските влади се вознемирени откако администрацијата на Трамп сигнализираше дека планира разговори лице в лице со Русија за ставање крај на војната во Украина без директна  инволвираност на нападнатата Украина.

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет тврди дека со најновиот развој на настани, САД не ја предале Украина.

На овој министерски состанок на НАТО е и македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски кој вели дека оваа година имало многу поразлична реторика од онаа на претходната средба на министрите за одбрана, но и различни пораки од ланскиот Самит на НАТО во Вашингтон.

-Сега со новата администрација предводена од претседателот (на САД, Доналд) Трамп имаме сосема различен контекст и различни контури и постојано се зборува за планот за мир, што јас апсолутно го поздравувам. Тие нови контури ќе значат преговори како да се стигне до мировно решение, но од друга страна и за сите обврски што ќе ги има Европа, потенцира Мисајловски во изјава за МИА.