Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 13 загинати во две стампеда во Нигерија

/

пред 668 дена

Сподели преку :

Најмалку тринаесет лица загинаа денеска во две стампеда во Нигерија, соопштија локалните власти.

Во главниот град Абуџа најмалку десет луѓе загинаа, а многу се повредени во стампедо што изби додека локална црква делела подароци.

Портпаролката на полицијата, Жозефин Адех изјави дека меѓу загинатите има четири деца.

Стампедо изби и во градот Окија во државата Анамбра во североисточна Нигерија додека член на локалната заедница делел подароци како ориз, масло или пари.

Локалната полиција објави дека загинале најмалку три лица, но очевидци и Амнести интернешнал Нигерија тврдат дека има најмалку 20. Во двата случаи жртвите се претежно жени и деца.

Во четвртокот, најмалку 32 лица загинаа во исламско средно училиште во Ибадан, главниот град на нигериската држава Ојо.

Најнаселената африканска земја се бори со најголемата криза за трошоците на животот, откако реформите на претседателот Бола Тинубу ги укинаа субвенциите за струја и гориво.

Амнести интернешенел денеска објави дека за голем број Нигеријци, обичниот ориз дома станал луксуз.