Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Навршија 10 години од киднапирањето на 276 ученички од страна на Боко Харам во Нигерија

/

пред 921 дена

Сподели преку :

Денеска навршија 10 години, откако 276 ученички беа киднапирани од нивниот училишен дом, среде ноќта во Чибок. Ова киднапирање е еден од најсуровите напади, врз образованието од страна на терористите на Боко Харам во Нигерија. Оттогаш, безброј детски животи се загрозени поради насилството на Боко Харам.

Образованието е единствениот спас за девојчињата и момчињата во североисточниот регион на Нигерија. Тие плаќаат најголемата цена среде кризата, а со тоа стануваат и жртви на трауми од киднапирања, сексуални злоставувања и принудното регрутирање во воени групи.

Глобалниот фонд за образование во итни случаи и долготрајни кризи во рамките на Обединетите нации, работи со УНИЦЕФ и Норвешкиот совет за бегалци, со цел за да се обезбедат можности на децата погодени од терористичките групи.

По 10 години, 2 милиони деца останаа без образование, а се проценува дека една четвртина од децата кои одат на училиште, немаат настава.

 Светскиот глобален фонд посветен за образованието во криза, има инвестирано 23,6 милиони американски долари за поддршка на повеќегодишна образовна програма која е насочена кон децата погодени од кризата.

Во изјавата за медиуми, директорот на Фондот, посочи:

„Работејќи со Владата на Нигерија и нашите партнери за спроведување и проширено финансирање на североисток, нудиме инвестиција за младите животи, како и постабилна, просперитетна и мирна иднина за регионот и пошироко“. 

Повеќегодиншната програма на Фондот, им обезбедува на децата во Нигерија материјали за учење, одржува обуки за наставници и финансира програми за храна во училиштата, но обезбедува психолошка поддршка за децата погодени од насилствата на  Боко Харам.