Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нетанјаху се затру со храна

/

пред 455 дена

Сподели преку :

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се опоравува по труењето со храна, соопшти денеска неговиот кабинет, додавајќи дека тој ќе продолжи да ги извршува своите должности од дома во следните три дена.

Седумдесет и петгодишниот премиер се чувствувал лошо синоќа, а лекарите дијагностицирале воспаление на цревата и дехидрација, пренесува МИА.

Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека му била дадена инфузија.

„Согласно укажувањата од докторите, премиерот ќе одмара дома во следните три дена и оттаму ќе ги извршува државните работи“, соопшти кабинетот.

На Нетанјаху во 2023 година му е поставен пејсмејкер, а во декември му е отстранета простатата поради инфекција на уринарниот тракт.