Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По прекин на работата на владата, погодени повеќе од три милиони патници во САД

/

пред 345 дена

Сподели преку :

Поради прекинот на работата на американската влада, над 3,2 милиони патници во САД беа погодени од доцнења и откажувања на летови, што произлегува од проблеми со персоналот за контрола на воздушниот сообраќај по затворањето на владата на 1 октомври, информира здружението на авиопревозници.

Организацијата „Авиокомпании за Америка, која ги вклучува „Американ ерлајнс“ , „Јунајтед ерлајнс“, „Саутвест ерлајнс“, „Делта ер лајнс“ , „Џетблу ервејс“  и други големи превозници, соопшти дека 16 отсто од доцнењата во октомври биле предизвикани од проблеми со персоналот. Ова е значително зголемување во споредба со 5 отсто пред прекинот на работата на владата.

Само во петокот – најлошиот ден од затворањето на владата – беа погодени над 300.000 патници, додаде организацијата.