Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња

/

пред 893 дена

Сподели преку :

Почина 62- годишен пациент само два месеци по трансплатација на модифициран свински бубрег.Во март, хирурзите од општата болница во Масачусетс трансплантираа генетски модифициран бубрег од свиња на Рик Слејман, пациент со краен стадиум на бубрежна болест.

Операцијата е пресвртница во ксенотрансплантацијата – трансплантација на органи или ткива од еден вид на друг – како потенцијално решение за светскиот недостиг на органи, соопшти тогаш болницата. Смртта на Слејман не е поврзана со трансплантацијата, соопшти болницата во саботата.

Семејството на Слејман му оддаде почит на медицинскиот тим кој се грижеше за него.

-Нивните исклучителни напори во управувањето со ксенотрансплантацијата ни дадоа уште седум недели со Рик и спомените за тоа време ќе останат во нашите срца, велат тие.

Свинскиот бубрег беше генетски модифициран за да се отстранат штетните свински гени и да се додадат одредени човечки за да се подобри компатибилноста со луѓето. Научниците, исто така, деактивираа свински ендогени ретровируси кај свињата донатор за да го елиминираат ризикот од човечка инфекција.

Болницата соопшти дека немаат индикации дека ова е резултат на неодамнешна трансплантација.