Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полицијата го идентификуваше осомничениот за масовното убиство во Канада

/

пред 241 дена

Сподели преку :

Канадската полиција го именуваше осомничениот за масовното убиство во едно училиште и куќа во провинцијата Британска Колумбија , како 18 годишниот Џеси Ван Роотселар.

Осум лица беа убиени а 25 повредени во нападот во средното училиште Тамблер Риџ и една куќа.

Меѓу убиените се една жена наставничка, три ученички и двајца ученици на возраст од 13 и 17 години.

Уште две жртви, возрасна жена и младо момче биле пронајдени убиени во една локална куќа. Полицијата потврди дека тие биле мајката на осомничениот и неговиот полубрат.

Според полициската информација, осомничениот „бил роден како биолошко машко лице, кој пред околу шест години започнал со транзицијата кон женскиот род и се идентификувал како жена“.

Најголем дел од убиените и ранетите во нападот биле родени во 2012-тата или 2013-тата година.

Полицијата засега нема ниту некоја претстава за можен мотив на масовното убиство.

Истовремено, се соопштува и дека полициски службеници престојувале во домот на осомниченото лице повеќе пати во текот на последните неколку години, заради загриженост околу проблеми со менталното здравје.