Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ПОТРЕСНО ВИДЕО/ФОТО: Мајка која ги најде чизмите на загинатата ќерка во трагедијата во Сеул

/

пред 1433 дена

Сподели преку :

Чевли, патики, чизми, ташни, капи, тренерки, маици, лични предмети, копии од предмети за забава меѓу кои и пластични пиштоли, смартфони, неколку пасоши се наредени во сала за бадмингтон во Сеул. Предметите припаѓаат на 156-те жртви и на повредените во големата трагедија од саботата навечер во квартот Итаевон.

Полицијата ги собра сите оставени работи, со тежина од над 1,5 тон. Најмногу имаше чевли, околу 250 пара.

Повеќето од жртвите беа жени, а многумина останаа боси, што според експертите ја одразува силата на напливот на толпата што ги соблече обувките од нивните стапала при ударот.

Родителите, браќата и сестрите имаа потресна задача за да ги сочуваат спомените на загинатите. Едно четиричлено семејство ги бараше оставените работи од својата ќерка и сестра.

Се движеа меѓу редовите, а мајката со слика на мобилен телефон се обидуваше да препознае облека и обувки на своето дете.

Во еден момент ги виде чизмите од фотографиите, се приближи до нив, ги зеде и почна да плаче. Успеа да пронајде и парче облека.

Работите ги спакуваа во картонска кутија, а при излегувањето, член на семејството на загинатата девојка, по стар корејски обичај на почит се поклони пред луѓето кои ги распоредуваа и фотографираа оставените работи како последен спомен на загинатите.

Во салата има постојано роднини кои доаѓаат по работи на загинатите жртви. Фотографиите се објавуваат на социјалните мрежи и на владините сајтови.

Кобната ноќ на вештерките загинаа 156 луѓе, 151 се повредени од кои 29 се во критична состојба. 26 од загинатите се странски државјани од САД, Русија, Кина, Иран, Јапонија, Австралија.

Трагедијата се случи на забавата, прва отворена пост- корона улична забава за Ноќ на вештерките кога толпата се залета и наби во една тесна уличка во квартот Итаевон.