Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Првиот брод со жито ќе ја напушти Одеса во текот на денот

/

пред 1546 дена

Сподели преку :

Првиот брод со жито може да го напушти пристаништето Одеса во текот на денот, изјави информиран извор за агенцијата РИА Новости.

„Тоа е планирано за денеска, со исклучок на виша сила“, рекол изворот, без да прецизира што може да значи „виша сила“.

Со отворените пристаништата и постигнатиот договор, остануваат прашањата околу осигурувањето и безбедносните прашања за бродовите до главните пристаништа на Црното Море.

Од компанијата за пристанишен транспорт ISS, соопштија дека дел од бродовите кои го пренесуваат житото се блокирани на трите украински пристаништа Одеса, Черноморск и Пивдениј. Очекуваат денеска да се одблокраат и активноста да продолжи преку конвој придружуван од главно пловило.

„Ние истакнуваме дека имаме персонал сместен во близина и имаме голем број продавачи и под-агенти кои дејствуваат во наше име. Безбедноста на нашиот персонал останува приоритет. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и ќе се вратиме со развојот на настаните“, соопшти ISS.

На 22 јули, претставниците на Русија, Украина, Турција и ОН потпишаа договори за извоз на украинско жито и за укинување на ограничувањата за извоз на руски производи.