Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија го нападна Киев со дронови

/

пред 755 дена

Сподели преку :

Русија во текот на ноќта изврши напад со беспилотни летала врз украинскиот главен град Киев, предизвикувајќи штета на цивилната инфраструктура, соопштија градските власти.

Според нив нападот бил извршен со повеќе од десет беспилотни летала од иранско производство Шахид, од кои поголем дел биле соборени пред да ја погодат целта.

Во неколкучасовниот напад се оштетени 20-тина автомобили и плинска инсталација во станбена зона, а остатоци се најдени и на детското игралиште.

Русија редовно испраќа беспилотни летала и проектили над украинските градови и далеку зад првите линии на фронтот на нејзината целосна инвазија која трае повеќе од две и пол години.