Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија тврди: Напаѓачите имале контакти со украинската страна

/

пред 939 дена

Сподели преку :

Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека терористите по нападот што го извршија синоќа во концертната сала „Крокус“ во Москва, имале намера да ја преминат границата меѓу Русија и Украина и дека имале контакти на украинската страна.

Истражниот комитет на Русија претходно соопшти дека неколкумина од осомничените за нападот се уапсени недалеку од украинската граница.

Властите соопштија дека привеле 11 лица, меѓу кои и четворица кои директно учествувале во нападот.

Според досегашните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва загинале 115 лица.

„Во моментов е утврдено дека бројот на загинати е 115 лица. Бројот на загинати ќе се зголемува“, пренесува РИА Новости.