Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руте: Ниту една членка на НАТО не може да го одбие зголемувањето на трошоците за одбрана на 5%

/

пред 481 дена

Сподели преку :

Марк Руте, шефот на НАТО рече дека ниту една членка на Алијансата не може да го одбие зголемувањето на трошоците за одбрана на 5%.

На самитот во Хаг, се очекува членките на НАТО да го одобрат зголемување на буџетот за одбрана на 5% од БДП.

„Во НАТО не постои можност да не се учествува, и НАТО не склучува договори. Од клучно значење е секоја членка да го носи својот дел од товарот“, изјави Руте.

Шпанија пред неколку дена објави дека постигнала договор со НАТО за да биде исклучена од новиот план за трошење. Премиерот на Шпанија, Предро Санчез рече дека ветувањето за трошењето нема да се однесува на сите членки.

Руте призна дека достигнуваењто на целта 5% од БДП, ќе биде „тежок процес“ со оглед дека и други членки имаат проблем на издвојување на дополнителни милијарди долари за одбраната.