Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Словачка ги запре испораките на струја за Укрaина

/

пред 228 дена

Сподели преку :

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека неговата земја ги прекинала итните испораки на електрична енергија за Украина, велeјќи дека Украина намерно ги спречува испораките на руска нафта.

Фицо, кој претходно се закани дека ќе преземе таков чекор, рече дека одлуката е донесена откако украинскиот претседател Володимир Зеленски одби да разговара за ова прашање со него до 25 февруари.

-Пред да ја усвојам денешната прва реципрочна мерка против Украина за непријателските дејствија на претседателот Зеленски, бев заинтересиран да разговарам со претседателот на Украина по телефон за да дознаам кога и дали воопшто ќе се обноват испораките на нафта во Словачка. Добивме порака дека украинскиот претседател е подготвен  за разговори дури по 25 февруари оваа година, изјави Фицо.