Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Снежна бура пртедизвика верижен судир со над сто возила во Мичиген

/

пред 258 дена

Сподели преку :

Повеќе од 100 возила се судриле или излизгале од автопатот во Мичиген, додека снежната бура од Големите Езера ја прекри областа.

Полицијата ја затворила сообраќајницата во двата правци, додека екипите ги отстрануваат возилата.

Локалните медиуми јавуваат за голем број повредени, но засега нема пријавено смртни случаи. Несреќата е дел од широка зимска бура што се движи низ САД, со предупредувања за екстремно ниски температури и снег во држави како Минесота, Висконсин, Индијана, Охајо, Пенсилванија и Њујорк.

Локалните власти известуваат за повеќе судири, излизгани возила и блокирани камиони, а возачите се префрлале во безбедни точки за помош. Очекувано е патот да остане затворен додека трае неговото чистење.