Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стравична слика од Прага: Студенти се засолниле на прозорски симс пред масовниот убиец

/

пред 1042 дена

Сподели преку :

Стравични фотографии од Прага откако масовен убиец застрела десетици студенти и вработени на Карловиот Универзитет во Прага, главниот град на Чешка.

На фотографијата се гледаат 8 луѓе кои на студеното време се спасиле од крвавиот поход на масовниот убиец така што се засолниле на прозорски симс на десетина метри височина.

Луѓето се наведнати за да може да се држат за прозорците за да не паднат и истовремено да не ги види пукачот од внатре.

Во инцидентот има најмалку десет загинати и 24-ца загинати, а чешката полиција соопшти дека убиецот е елиминиран.

Внатре во факултетот за филозофија и уметности, студентите се спасувале така што ги блокирале вратите со мебел од училниците. Знаат дека убиецот е елиминиран, но чекаат евакуација.