Тајван со порака до Кина да ги прифати резултатите од претседателските избори на кои победи Лаи Чинг – те, кандидатот на владејачката демократска прогресивна партија. Тајван тврди за независноста на островот , но и вети дека ке го брани од заканите на Кина.
„Министерството за надворешни работи ги повикува властите во Пекинг да ги уважат изборните резултати, да се соочат со реалноста и да се воздржат од репресија врз Тајван“, се вели во соопштението на дипломатската служба.
Од министерството велат дека добиле честитки од над 50 земји и 12 дипломатски сојузници. Воедно ги осудија коментарите на кинеските власти кои ги опишаа како погрешни и апсурдни.
Од Кина пак децицни , без разлика на сите промени во Тајван, постои една Кина во светот а Тајван е дел од неа. Кина ги осуди и американските, британските и јапонските претставници кои му честитаа на новоизбраниот претседател Лаи Чинг – те.
Кинеското МНР соопшти дека изјавата на американскиот стејт департмент за изборите во Тајван го нарушува принципот на една Кина.
„Кина цврсто се спротивставува на тоа САД да имаат каков било облик на официјална интеракција со Тајван и да се мешаат во тајванските прашања на кој било начин или под кој било изговор“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на кинеското Министерство за надворешни работи.
Изборите потикнаа многубројни реакции. Тајвански аналитичар и професор на национален универзитет, смета дека надворешната политика на Тајван и меѓусебните односи со Кина „ќе останат исти“.
„За разлика од претходните осум години, ние имавме политика, претседателката Цаи Инг-вен имаше политика што можеше да ја спроведе во целост. Мислам дека ќе има повеќе преговори напред-назад, малку беше бавно. Така, мислам дека и тоа ќе го фаворизира статусот квото. Така, мислам дека во основа политиката, надворешната политика, меѓусебните односи ќе останат исти. Но, сметам дека тоа многу зависи од ставот на кинескиот претседател Кси Џинпинг,“ – вели Д-р Чен Минг-чи, вонреден професор на Националниот универзитет Цинг Хуа.
Светот поделен со честитките. Додека дел му честитаа на новиот претседател, Северна Кореја, Србија, Русија и многу други ја подржуваат политиката на една Кина.
Новиот претседател на Тајван кој е кандидат на владејачката демократска прогресивна партија, кој победи на изборите со 40,1 отсто од гласовите . Лаи стигна до пет минилиони, а неговиот противкандидат од опозицијата заостануваше за еден милион гласа. Кандидатот на главната тајванска опозициска партија го призна и поразот на изборите.
Марија Коцева











