Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Иран сака договор, но се плаши од сопствениот народ

/

пред 194 дена

Сподели преку :

Доналд Трамп, изјави дека Иран сака да преговара за мировен договор, но дека иранските официјални претставници јавно го негираат тоа поради страв од реакцијата на сопствениот народ, пренесува Си-Би-Ес (CBS).

Говорејќи на вечера за републиканските членови на Конгресот, Трамп истакна дека Техеран, според неговите сознанија, всушност сака да постигне договор, но дека преговарачите се плашат тоа отворено да го признаат.

– Тие преговараат и толку многу сакаат да постигнат договор. Но, се плашат тоа да го кажат, бидејќи мислат дека ќе бидат убиени од сопствениот народ – изјави Трамп пред присутните конгресмени.