Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Убиец“- шпанскиот крал се соочи со критиките на гневните жители во поплавените подрачја

/

пред 700 дена

Сподели преку :

Шпанскиот крал Фелипе Шести очи во очи мораше да се соочи со гневните демонстранти и жители во полавените градови во областа Шпанија. На снимката се гледа лута и гневна толпа која на кралот му извикуваше „убиец“ и „срам“. Граѓаните го прашуваа и зошто ништо не е преземено за да се избегне трагедијата.

Додека зборуваше со некои од нив, останатите фрлаа топки кал кон кралот. Досега загинаа 205 жители на областите погодени со огромните поплави и невиденото невреме на југоистокот на Шпанија.

По преживувањето на климатската катастрофа, жителите се соочуваат со спора реакација на надлежните за расчистување на насобраната кал и ѓубре. Дополнително е отежната доставата на храна и вода. За да се избегнат кражби и разбојништва, во областа се упатени дополнителни полициски и воени единици.