Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Венс: Војната во Украина нема брзо да заврши

/

пред 534 дена

Сподели преку :

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека крајот на војната во Украина не е на повидок, иако двете страни сега јасно ги знаат условите една на друга за можна мировна спогодба… – Сега се е во рацете на Русите и Украинците.

Тие знаат какви се условите за мир и на нив е да постигнат договор, рече Венс во интервју за „Фокс њуз“, додавајќи дека оваа брутална војна нема да заврши брзо. Во однос на претседателот Зеленски, Венс изрази критики дека кај него нема желба да се вклучи во мировниот процес“ и нагласи дека ако Украина е подготвена да преговара сериозно, вратата за дијалог останува отворена.

Потпретседателот на САД додаде дека најдобрата гаранција за безбедноста на Украина е да се обезбеди економска корист за САД, наместо да се потпираат на воена помош од земји кои не учествувале во војни со децении. Ваквата негова изјава е спротивна на предизборните тврдења на Трамп дека доколку дојде на власт конфликтот меѓу завојуваните страни ќе го реши за 24 часа.