Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: Евакуација на авион на белградскиот аеродром по дојава на бомба

/

пред 968 дена

Сподели преку :

(ФОТО-Илустрација) Аеродромот во Белград е затворен за сообраќај по дојава за подметната бомба во црногорски патнички авион, објавија повеќе српски медиуми. Извршена е итна евакуација на авионот за кој е заканата за поставена бомба и се вршат безбедносни проверки.

„Дојавата за бомби стигна во момент кога авионот беше на земја. Во тек е проверка на авионот од страна на безбедносните служби на Република Србија, а патниците и екипажот ќе бидат на безбедно додека не се извршат нужните контроли“, објави Ер Монтенегро.

На социјалната мрежа X (поранешен Твитер) е објавена снимка од евакуацијата на авионот. Луѓе во паника го напуштаат воздухопловот додека добиваат совети и наредбо да остават се зад себе и да не го земаат багажот од авионската кабина.

Авионскиот сообраќај е во прекин. Два авиони се пренасочени, а неколку часа нема ниту полетувања ниту слетувања на аеродромот. Иако често аеродромот “Никола Тесла” го користат и македонски патници на пат кон татковината вечерва нема летови од Белград за Скопје.