Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: Припадници на ХАМАС влегуваат по куќи на израелски цивили откако утрово објавија воена операција против Израел

/

пред 1093 дена

Сподели преку :

По големиот ракетен напад врз Израел, на социјалните мрежи утрово се појавија снимки од припадници на ХАМАС на улиците по нападнатите градови и населби во јужен Израел.

На видеото се гледа како десетина мажи облечени во црни униформи демолираат влез на една куќа во Израел, а потоа се слушаат истрели и престрелка.

Жената која од соседството го снима вооружениот упад со плачење раскажува што се случува.

Објавени се повеќе снимки и информации дека припадници на ХАМАС влегле и на територијата на Израел каде пукаат кон цивилите по улици и домови и ги земаат како заложници. Засега нема официјална информација за број на убиени или грабнати луѓе.

Израелската армија ги повика граѓаните да останат во домовите и најави воен одговор на нападот.