Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Застрелан маж кој со секира се заканувал на холандските навивачи во Хамбург пред мечот на “лалињата” на ЕП

/

пред 841 дена

Сподели преку :

Полицијата пукала во маж кој со секира во рака им се заканувал на Холанѓаните во Хамбург пред натпреварот помеѓу Полска и Холандија во првото коло на групната фаза на ЕП во фудбал.

Непознат маж со секира се заканувал на навивачите на Холандија, но полицијата брзо го обиколи и му го ограничи движењето.

Откако не сакаше да се предаде и да ја остави секирата туку хаотично се движеше по улицата, еден полицаец го застрела.

Ранетиот напаѓач е префрлен во болница и хоспитализиран.

Холандија со пресврт успеа да го добие дуелот со Полска со 2:1.

На ЕП во фудбал на другиот крај на Германија, во Гелзенкирхен се случи друг инцидент кога во простор наменет за навивачите на Србија влегле навивачи со обележја на Албанија и се судриле меѓу себе. Србија игра со Англија вечерва во 21:00 часот.

Албански и српски навивачи се тепале во Гелзенкирхен