Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во пожар во ноќен клуб во Индија загинаа 25 луѓе- властите тврдат дека меѓу жртвите има и туристи

/

пред 311 дена

Сподели преку :

Најмалку 25 луѓе, вклучувајќи и туристи загинале во голем пожар во ноќен клуб во индиската сојузна држава Гоа. Пожарот, кој избувнал околу полноќ, најверојатно бил предизвикан од експлозија на плинска боца во кујнскиот простор на клубот.

На снимките кои се објавени на индиските медиуми се гледа како пожарот почнува на плафонот додека трае настап на музичко-танчерска група. Додека огнот се шири, посетителите и изведувачите бегаат кон излез.

Најмногу жртви се меѓу вработените во клубот. Надлежните тврдат дека објектот во кој се случил пожарот- работел без да ги почитува законите.

-Ова никогаш не треба да се случи во туристичка држава како Гоа. Некои луѓе работат нелегално, а инцидентот со пожарот се случи токму поради тоа. Персонал и три до четири туристи изгореа до смрт, а останатите починаа од задушување. Владата ќе спроведе истрага, а виновниците ќе бидат ставени зад решетки, изјави Прамод Савант, главниот министер на Гоа.

Гоа е една од најпопуларните туристички дестинации во Индија, позната по своите песочни плажи, ноќен живот и тропска клима поради што привлекува домашни и странски туристи. Во зимата вообичаено е шпиц сезоната во оваа индиска држава која е најмала во Индија.