Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски: Неопходно е придвижување кон загарантирана безбедност

/

пред 573 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави денеска дека секој што сака стабилност во меѓународните односи треба да се движи кон вистински мир и загарантирана безбедност.

„Русија останува единствениот актер кој ја продолжува оваа војна, исмевајќи се и со нашиот народ и со светската заедница. За да ја турнеме Русија кон мир, потребни ни се силни потези и силни акции“ рече Зеленски во објавата на социјалната мрежа Х.

Како што наведе, Украина е подготвена да ја поддржи секоја силна иницијатива што може да ја направи дипломатијата поефикасна.

„Тоа значи дека вршиме притисок да ја принудиме Русија да сака да стави крај на оваа војна. Тоа значи санкции. Тоа значи поддршка за Украина. Тоа значи меѓународна координација“ изјави претседателот на Украина.

Зеленски додаде дека оваа недела се подготвува суштинска работа со европските партнери на конкретни чекори на безбедносен план.

Според него, значителен дел од Европа е подготвен за конкретна работа на безбедноста, што, како што вели, е добра работа.