Во земјава се јаде трипати повеќе сол од светскиот просек, поради што луѓето страдаат од висок крвен притисок.
Срцевите заболувања и мозочните удари пак се сè повеќе присутни кај младите.
Според Институтот за јавно здравје, минатата година девет млади лица го загубиле животот како резултат на срцев удар.
На Светскиот ден на срцето, лекарите повикаа на претпазливост во исхраната и избегнување на стрес.











