Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Светските берзи во пад, цената на нафтата расте

/

пред 215 дена

Сподели преку :

Светските берзи ја рефлектираат нестабилноста која ја зафати меѓународната заедница по почетокот на втората воена интервенција на Соединетите американски држави и Израел во Иран.

Азиските берзи денот го започнаа со пад поголем од 8 проценти, поради што тргувањето беше привремено суспендирано за да се спречи панична распродажба и неконтролиран пад.

Пад забележаа и индексите на сите европски берзи, почнувајќи со најголемиот кој беше забележан кај германскиот Дакс со 3,7 проценти, по кој следуваа француската берза со 2,9 и британската 2,6.

Цените на нафтата на светските берзи се зголемија за 15 проценти откако САД и Израел ги започнаа нападите врз Иран, достигнувајќи цена од 83,96 долари за барел.

Порастот се должи на драстичното намалување на испораките поради нападите врз танкерите кои поминуваат низ Ормускиот теснец, што ја зголеми загриженоста од нов ценовен шок, особено во Европа која е најмногу изложена поради својот синџир на снабдување.

Европските влади смируваат дека се подготвени мерки за да го апсорбираат економскиот удар.