Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тајфунот Бебинка, најмоќниот во последните неколку децении, ја погоди Кина

/

пред 765 дена

Сподели преку :

Тајфунот Бебинца го погоди Шангај и источните кинески провинции каде се суспендирани сите јавни активности.

Ова е најмоќниот тајфун што го погоди Шангај во последните неколку децении, тајфунот Бебинка донесе многу обилни дождови утринава.

Хидролошка станица во близина на реката Хуангпу извести дека нивото на водата се искачило на 4,5 метри.

Обично раздвижениот брег на реката сега е празен, со само едно полициско возило на готовност за следење на нивото на водата и справување со итни случаи.

Како последица на лошите временски услови, двата аеродроми во Шангај, меѓународниот аеродром Пудонг и аеродромот Хонгкиао, ги откажаа сите летови. Повеќе од 900 летови се откажани и нема информации кога авиосообраќајот ќе биде вратен во нормала.

Исто така сите фериботски услуги, автопати и паркови се затворени од безбедносни причини.

Невремето се поклопи со тридневниот фестивал на средината на есента па општинската влада на Шангај нареди откажување на сите свечени активности на отворено и прекин на атракциите.

Покрај патиштата се забележуваат откорнати дрвја, а општинските работници од рано наутро ги расчистуваат.

Според општинската метеоролошка опсерваторија, се проценува дека тајфунот ќе трае 12 часа, а неговото влијание врз метрополата најверојатно ќе се намали во вторник.