Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тајван нема да отстапи ниту педа од својата територија, порача тајванскиот претседател Ли

/

пред 726 дена

Сподели преку :

Тајван нема да отстапи ниту еден сантиметар од својата територија, изјави денеска тајванскиот претседател Вилијам Лаи.

„Ние нема да отстапиме ниту педа територија и цврсто ќе ја браниме нашата татковина“, рече шефот на државата, наведувајќи неколку острови со кои управува Тајпеј. Меѓу нив беа и островите Кинмен, кои ги посети неколку дена откако Кина организираше воени операции во водите на Тајванскиот теснец вежби кои вклучуваат престрелки.

Лаи ги посети овие острови во близина на брегот на Кина за да ја одбележи 75-годишнината од воената победа на националистите над комунистичките сили.

Кина вели дека поддржува мирно обединување, но не ја исклучува можноста за употреба на сила доколку е потребно.

Изборот на Вилијам Лаи за претседател на Тајван оваа година дополнително ги затегна односите меѓу Пекинг и Тајпеј.

Кинеските власти редовно го обвинуваат дека сака да го продлабочи културниот јаз меѓу островот и континентална Кина. Како одговор, Пекинг ја зголеми својата воена активност околу територијата на Тајван.