Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека војската нема директно да интервенира во случајот со неодамнешната смртоносна бродска несреќа за да не дојде до ескалација на тензиите со Пекинг. Пред неколку дена загинаа двајца кинески рибари додека ги бркала тајванската крајбрежна служба во близина на островите Кинмен. Според Тајпеј, пловилото што превезувало четири лица се движело во забранета зона којашто се користи за воени цели.
Кина ја обвини Демократската прогресивна партија на Тајван за смртта на двајцата свои државјани.
Иако Тајван се оддели од Кина уште во 1949 година, официјален Пекинг и натаму го смета островот со 23 милиони жители за своја територија.











