Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„ Танец“ го откажа годишниот концерт поради смртта на нивниот член Симеон Чулев

/

пред 291 дена

Сподели преку :

Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“,  го откажа годишниот концерт што беше претходно најавен за 20.12.2025 година, поради ненадејната смрт на нивниот долгогодишен колега, истакнат играорец, солист и кореограф, Симеон Чулев.

  • Загубата на Симеон Чулев е огромна и ненадоместлива за целиот ансамбл. Тој беше нераскинлив дел од играорниот кор на „Танец“, уметник кој со својата посветеност, енергија и врвно мајсторство остави неизбришлив белег во историјата на македонската фолклорна уметност. Во овие моменти на голема жалост, сите членови на „Танец“, сметаме дека не е можно да се слави традицијата на сцена, кога ја изгубивме една од нејзините најсветли фигури, велат од „ Танец“.

Сите граѓани кои веќе купиле влезници за концертот, ќе можат да ги рефундираат средствата во продажната мрежа од каде што се купени билетите. За дополнителни детали околу новиот термин или евентуални измени, јавноста ќе биде навремено известена.