Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Таравари: 90% од програмските определби се синхронизирани со Владата, големи се шансите да станеме дел од неа

/

пред 1359 дена

Сподели преку :

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски рече дека програмските решенија се претежно усогласени и оти следните денови се очекува да се разговара и за кадровските решенија.

Околу 90% од програмските определби се синхронизирани. За кадровските решенија воопшто не зборувавме…се надевам дека следните денови ќе ги отвориме и кадровските решенија, рече Таравари.

На прашањето дали дефинитивно влегуваат во Владата, таравари со одговор дека „шансите се огромни“.

Не ги кажа министерствата кои ги посакуваат, но рече дека Министерство за здравство е едно од министерствата за кое АА имаат соодветен кадар.